Медијација2024-05-21T10:22:07+01:00

Често поставувани прашања

Што е медијација?2024-05-16T09:08:21+01:00

Медијацијата е законска постапка, во која трета неутрелна страна (Медијатор) им помага на страните во спорот, во настојувањето да постигнат заедничко прифатливо решение на спорот. Се работи за вонсудско алтернативно решавање на спор, со помош на трета неутрална страна, кое е доброволно, лесно достапно и рамноправно. Медијацијата е постапка регулирано во Законот за медијација.

Што е медијатор?2024-05-16T09:12:54+01:00

Медијаторот е неутрално лице, кој го воспоставува и олеснува разговорот помеѓу странките, за да постигнат заедничко прифатливо решение на спорот. Медијаторот не носи одлуки за тоа како спорот ќе биде решен и нема да наметне решение на спорот. страните активно учествуваат во наогањето на финално решение на спорот. Бидејки самите страни доаѓаат до решението, најчесто решението се исполнува онака како што е договорено.

Кои се предностите на медијацијата?2024-05-16T10:23:58+01:00

Судска постапка Медијација
БАВНА (трае со месеци или години) БРЗА (се работа за денови или недели)
СКАПА и непредвидлива ДОСТАПНА / ефтина и ефикасна
ЈАВНА – Вашата приватност станува јавна работа ДОВЕРЛИВА – Вашата приватност е заштитена. Сите информации остануваат доверливи
Судот одлучува за тоа дали сте добиле или сте изгубиле До решението доаѓате Вие и другата страна на спорот. Никој не мора да изгуби
Едната или двете страни можат да останат незадоволни Решението е трајно, а односите не се нарушени

Која е разликата помеѓу судско решавање и медијација?2024-05-16T10:33:48+01:00

Судски спор Медијација
Судијата решава, судијата носи одлука Кој решава? Вие решавате, одлуката е Ваша!
Постапката е јавна Каква е постапката? Приватен процес,приватна постапка
Не. Дали е доверлива постапката? Да.
Трошоци: $$$$ Колкави се трошоците? Трошоци: $
WIN / LOSE – Еден добива / Друг губи Кој е резултатот? WIN / WIN – Никој не губи / Сите добиваат

Како да отпочнете постапка за медијација?2024-05-16T16:37:46+01:00
  1. Поднесете Барање за спороведување медијација до Медијаторот (во прилог на Барањето треба да поднесете фотокопии од лична карта односно пасош. За правни лица – тековна состојба од Централен Регистер).
  2. Медијаторот ќе достави писмена Покана до другата страна.
  3. Поканетата страна доколку се согласи спорот да се реши по пат на медијација, во рок од 7 дена по добивањето на Поканата за медијација, треба да се јави за средба.

Кога се смета дека медијацијата започнува?2024-05-16T10:54:10+01:00

Медијацијата започнува на денот кога страните ќе потпишат Изјава за согласност за учество во медијацијата.

Како се одвива постапката на медијација?2024-05-16T10:59:58+01:00
  • Страните активно учествуваат во постапката за медијација, предлагаат и наоѓаат заедничко решение за спорот.
  • Медијаторот со своите вештини ја води постапката и им помага на страните да ги согледаат своите позиции и интереси и да го воспостават, обноват или продлабочат дијалогот.
  • Добро обучен и вешт Медијатор, постапката на медијација ќе ја спроведува на непристрасен, неутрален и ефикасен начин, полека приближувајки ги страните.
  • До решението доаѓаат самите страни, ниту една страна не изгубила, напротив двете добиваат.
Како завршува медијацијата?2024-05-16T16:36:41+01:00

Со склучување на писмена Спогодба.

Спогодбата ја изготвува медијаторот, според насоките кои ги добива од учесниците во постапката, а може да ја изготват и страните доколку има согласност за тоа. Спогодбата постигната во постапката за медијација, може да добие сила на извршна исправа, доколку страните тоа го сметаат за потрбно.

Кој ги плаќа трошоците во постапката на медијација?2024-05-16T16:35:55+01:00

Во постапката за медијација секоја страна ги подмирува своите трошоци, а заедничките трошоци ги намируваат во еднакви делови, освен ако страните поинаку не се договорат.

Секоја страна може да отстапи од натамошно учество во постапката, во било која фаза од подстапката за медијација.

Кои видови на спорови можат да се решаваат со медијација?2024-05-16T11:20:25+01:00

Медијацијата може да се примени во решавање на имотоправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштита на животната средина, спорови поврзани со дискриминацијата, како и во други спорни односи каде што медијацијата може да помогне за нивно разрешување.

Закажете лична консултација со медијаторот.