Зoшто Медијација?
Ако го соберете времето потребно за завршување на еден судски спор трошоците на постапката, па на тоа ги додадете изгубеното трпение и енергија, пропуштените шанси за нешто друго, а најважно ако ја додадете нервозата и напнатоста што сте ја пренеле на домашните, пријателите и на колегите додека трае судскиот спор – добиениот резултат зборува сам за себе зашто да одберете спорот да го решите по пат на МЕДИЈАЦИЈА.
Кои видови спорови можат да се решаваат со Медијација?
Медијацијата може да се примени во решавање на имотоправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштита на животната средина, спорови поврзани со дискриминацијата, како и во други спорни односи каде што медијацијата може да помогне за нивно разрешување.
Како да започнете постапка за медијација?
Поднесете Барање за спроведување медијација до Медијаторот. Во прилог на Барањето треба да поднесете фотокопија од лична карта односно пасош. За правни лица потребно е тековна состојба од Централен Регистер.
“Со голема посветеност и љубов, медијацијата стана моја професија на која можам единствено и целосно да се посветам и помогнам во изнаоѓањето на решение во Вашиот спор.”

Маргарита Стевкова Николовска
Лиценциран медијатор




